Отсега, конфигурирајте го својот нов Volvo автомобил онлајн!

На официјалната веб страна на Volvo Cars, во функција е сосема нов, софистициран конфигуратор преку кој заинтересираните ќе можат онлајн да го конфигурираат својот нов Volvo автомобил.

Онлајн конфигураторот е можеби најкорисната алатка при избор на нов автомобил бидејќи ги нуди апсолутно сите стандардни и дополнителни опции за секој модел и секој клиент може на многу лесен начин, сосема сам да го креира својот нов Volvo.

Создавањето на автомобил според желбата и потребите на клиентот е многу лесно. Првите чекори вклучуваат бирање на модел, пакет на опрема, боја, а потоа се преминува на деталите: тркала, тапацир, внатрешен и надворешен изглед, како и многуте пакети на опционална опрема. Од огромна помош при изборот за клиентите се и деталните објаснувања и спецификации за секоја понудена опција, а на крајот на постапката, клиентот веќе добива 3D модел на одбраниот автомобил и детална спецификација за сите ставки кои ги одбрал.

Понатаму, само еден клик го дели клиентот од барање за понуда со цена за одбраниот автомобил, како и барање за тест возење.

Сите барања стигнуваат директно кај тимот за продажба на Volvo Cars Macedonia кои одговараат веднаш и остваруваат контакт со клиентот за да закажат термин за тест возење.

Линк до конфигураторот може да го погледнете тука.