(ФОТО) Паметен и практичен: Првиот куфер за летување во вселената
Како дел од прославата за годишнината од слетувањето на месечината, компанијата „Horizn Studios“ која е специјализирана за паметен багаж и премиум аксесоари за патувања, го претстави својот нов куфер, дизајниран за патување во вселената..
Куферот „Zero G“
е дизајниран во соработка со Алис Карсон, најмладиот астронаут на светот, кој во
моментов е на обука. Наречен„Horizn One“, овој неверојатен куфер доаѓа со неколку интересни карактеристики.
Наменето за нула гравитација, куферот доаѓа со флексибилна, ултра лесна
јаглеродна обвивка која е засилена со графен, електромагнетна подлога, биометриска
безбедност, паметен екран од страната, безжично полнење и чудна бактериостатска
технологија која ветува дека ќе ја одржи вашата облека свежа.
Зајакната структура од графен му дава флексибилност на овој куфер, а исто така го прави и многу полесен од било кој друг куфер досега, со проценета тежина од 900 грама. Електромагнетната подлога ќе му овозможи на куферот да биде прицврстен на подот или на sидовите на леталото, за време на летовите со нулта гравитација. Покрај тоа, куферот доаѓа со дополнителни ремени, кои ви овозможуваат да го носите како ранец.
Вградениот паметен екран ќе ви овозможи брзо поврзување со оние кои се далеку од вас, додека биометриското обезбедување ќе ви даде можност да го отворите куферот со отпечатокот од вашиот прст. Облеката ќе биде што е можно посвежа со употреба на бактериостатската функција, која ќе ги неутрализира нејзините мириси и бактерии.
„Horizn“ планира да го лансира првиот асортиман на вселенски куфери до 2030 година, а „Horizn One“ ќе биде едно од првите и најнапредните куфери во светот. Покрај тоа, овој куфер ќе биде едед од најскапите, со цена од скоро 50.000 долари.