УЖИВАЈТЕ ДО ЧЕТВРТОК: Потоа доаѓа значителна промена на времето

Уживајте до четврток во убавото време со многу сонце. Веќе од петок (26 септември) па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе дојде до значителна промена на времето проследена со зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, повремено поројни и пообилни и проследени со грмежи како и со умерен, а во Повардарието повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Што се однесува до температурите, од петок (26 септември) а особено за викендот значително ќе опаднат и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега и максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 21 степен. Детална анализа околу ова следува во следните мои метео објави, вели Попоски.
Фактор /Freepik