ВНИМАВАЈТЕ, ОД ДЕНЕС НОВИ КАЗНИ: Еве кои прекршоци ќе ги санкционира полицијата

Новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од денес почнуваат да се имплементираат. Казни ќе има за пешаците кои со телефон во рака преминуваат улица на пешачки, и за возачите на тротинети кои возејќи ќе користат мобилни.

Четириесет евра глоба ќе плати секој пеша кој со мобилен во рака или на уво поминува улица. Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

Според законот, пешаците мора да се движат внимателно и без користење уреди кои го намалуваат нивното внимание.

Ова е почеток на стегањето на обрачот во сообраќајниот „башибозук“.

Од Нова година ќе има уште поригорозни казни во рамки на Сејф сити, кога ќе се казнува секое непрописно однесување во сообраќајот.