Спорт // Спорт
ФОТО: Сејдини им посака успех на македонските клубови во Европа, честитики и за Победа и Силекс
Фудбалската сезона 2021/22 официјално е затворена со бараж мечевите меѓу Тиквеш и Воска, односно Скопје и Беласица, по одиграните средби прволигашкиот статус го задржаа Тиквеш и Скопје.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со честитка за сите клубови кои обезбедија настапи во Европа, не ги заборави и Силекс и Победа кои се враќаат во елитното фудбалско натпреварување на Македонија.