ФОТО: Спортот во Англија стопиран поради смртта на Кралицата Елизабета втора, Чурлинов и Барнли нема да се соочат со Норич

Денес во Англија нема да има ниту еден спортски настан, по смртта на Кралицата Елизабета втора, одложени се сите натпревари во сите спортови.

Премиерлигата денес ќе решава дали ќе бидат одложени фудбалските натпревари за овој викенд, пишува „САН“.

Вчера, клубот на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, објави дека дуелот на Барнли и Норич во Чемпионшип е одложен, требаше да се игра денес со почеток од 21 часот.