(ФОТО) Зошто секој љубител на автомобили мора да ја посети Германија?

Денес е доста популарно луѓето да имаат желба да возат германски автомобил и да живеат во Германија..

Германија за многумина е земја од соништата во која соништата навистина се остваруваат, каде платите се големи и каде животот е надалеку подобар отколку на Балканот. Овој пат нема да дискутираме за тоа, дали е тоа точно или не, но можеме да потврдиме само еден факт, а тоа е дека Германија е најдоброто место на светот за њубителите на автомобили.

Ако сте човек кој ги обожава автомобилите, тогаш Германија е земјата која мора да ја посетите, а еве и зошто:

1.  Аутобан

Сите знаеме дека германскиот Автобан нема никакви органичувања на брзината, што значи дека можете да возите и до 300 км/ч ако тоа ви го дозволува вашиот автомобил. Многу возачи велат дека ова е најдоброто место за возење, бидејќи сите ја почитуваат возачката култура, само брзите возила одат во левата лента и секој го почитува возачот пред себе. Оние кои неколку пати се имаат возено овдека велат дека ова е најдоброто возачко искуство.

2.  Музејот на класични автомобили во Берлин

Акопатувате до Берлин, задолжително посетете го „Classic Remise“ музејот кој ја содржи една од најубавите и најексклузивните колекции на класични автомобили во светот. Тука може да пронајдете неверојатни модели кои веројатно никаде на друго место нема да можете да ги видите.

3.  „Autostadt“

Autostadt во превод значи „авто град“ и во него може да најдете буквално се што е поврзано со автомобили и автомобилска индустрија. Слободно може да кажеме дека ова место е Дизниленд за авто љубителите, така што може преубаво да си поминете. Ова место се наоѓа во Волфсбург.

4.  Музејот на „Mercedes-Benz“ во Штутгарт

ова е најголемиот музеј на Мерцедес во светот и истиот содржи над 200 различни возила во кои можете да уживате и разгледувате. Зградите во кои се наоѓаат возилата се овални и стаклени, така да покрај возилата може да уживате и во модерната архитектура.

5.  Музејот на „BMW“ во Минхен

Ова е уште еден музеј кој мора задолжително да го посетите. Овде ќе имате прилика да ги видите најновите, но некои и од најстарите и класични модели кои го направија овој бренд да стане еден од најпопуларните на светот.

6.  Музејот на „Porsche“ во Штутгарт

Во овој музеј може да видите преку 80 модели од овој популарен бренд, но може да ги видите и едни од најуникатните модели кои се единствени во секоја смисла на зборот.