ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија загуби по пауза од осум години, Португалија подобра во СЦ „Борис Трајковски“

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Португалија во Скопје  23:29, квалификации за ЕП.

За македонскиот ракометен тим, ова е прв пораз на домашен терен по пауза од осум години. 

„Ни недостасуваше фокус и концентрација, тоа се добива само со играње вакви натпревари. Можевме да имаме и поповолен резултат, но јасно е со кваква селекција игравме денес“ - изјави селекторот Кирил Лазаров.

Португалија ја пречекува Македонија в недела.