Спорт // Спорт
ФОТОГАЛЕРИЈА: МЗТ Скопје го одбрани трфејот во Суперкупот
МЗТ Скопје Аеодром е освојувач на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“. Го одбранија „сино-белите“ пехарот освоен во ланското издание, па сега се далеку напред пред конкуренцијата – имаат пет наслови-најдобри во Суперкуп-натпреварувањето.
Високата предност која ја стекна уште во првата четвртина, МЗТ Скопје Аеродром ја претвори во победа над ТФТ (100:82) за прв сезонски пехар.
Страхиња Миќовиќ со 27 поени најефикасен кај МЗТ Скопје, по 18 поени постигнаа Кофи и Дамјан Стојановски. Кај ТФТ, Лашлан Андерсон со 20, додека Николов имаше 19 поени.