ФОТОГАЛЕРИЈА: МЗТ Скопје лесно го „искачи“ Пелистер, убедлива победа со 19 разлика

МЗТ Скопје го победи  Пелистер 95-76, и  сега има идентичен скор со тимот од Битола на врвот со однос 24-4.

Шампионот на Македонија одигра одличен натпревар, ја контролираше играта и резултатот, и заслужено стигна до победа во натпревар  од 5. коло од Суперлигата, одигран во „Јане Сандански“.

Кај победничката екипа се истакнаа Милошевиќ со 17 поени,  Дејвис запиша 16 , додека Рикиќ  13 поени, Дамјан Стојановски  мечот го заврши со ефект од реализирани 12 поени. Малешевиќ беше најефикасен во Пелистер со 17 поени.