ФОТОГАЛЕРИЈА: Навивач со знаме на Албанија го прекина полуфиналето Реал Мадрид - Манчестер Сити

Навивач во Мадрид истрча со знаме на Албанија и го прекина за момент полуфиналниот реванш меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Прекинот се случи на почетокот од продолжението, а интервенираше обезбедувањето, во моментот, Реал води со 3-1 и се наоѓа на добар пат за финале со Ливерпул во Париз, првата средба во Манчестер екипата на Сити ја доби со 4-3.