Спорт // Спорт
ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар со потребните 5 голови разлика го реши Татран Прешов
Вардар запиша победа против Татран Прешов со потребните 5 гола разлика односно со 29-24.
Ова беше натпревар од третото коло во СЕХА лигата, со овие 29-24 ја анулираа негативата од четири голови разлика во поразот од првата средба.
Јан Чувара беше најефикасен со пет голови во таборот на Вардар, а по четири постигнаа Леонардо Дутра Фереира, Гоце Георгиевски и Куни Моралес, додека на голот Мартин Томовски беше извонреден со 12 одбрани.
Следно за Вардар е натпреварот на гости кај Партизан во Белград кој се игра на 28 февруари.