Фотографиите на голата Џеки Кенеди ја кријат тајната на суровоста на нејзиниот сопруг
Голата Џеки Кенеди Оназис беше фотографирана на грчка плажа во 1972 година, откако милијардерот Аристотел Оназис, нејзиниот тогашен сопруг, ги извести папараците за информациите. Ова го тврди Кристофер Андерсон, авторот на книгата „Добар син: Џон Ф. Кенеди Јуниор и Мајката што ја сакаше“, пишува „Дејли Меил“.
Во книгата, авторот тврди дека фотографиите биле дел од валканата кампања што Оназис ја водеше против поранешната прва дама на Америка во време кога нивниот брак веќе падна во криза и кога беше објавен разводот, пренесува „Историски забавник“.
Фотографиите ги преплавија списанијата ширум светот, предизвикувајќи еден од првите скандали со папараците.
Книгата првенствено се занимава со Кенеди Јуниор, син на претседателот Џон Ф. Кенеди и Џеки, но детално го опишува и малтретирањето што Оназис го подготвил за својата млада сопруга, која постојано ја нарекувал „Вдовица“ во интервјуа, алудирајќи на нејзиниот прв брак.
Џеки се омажи за Аристотел во 1968 година на општо изненадување и претежно незадоволство на членовите на семејството и пријателите. Сепак, проблемите започнаа веднаш. Авторот тврди дека веднаш по свадбата, Аристотел ја оставил на сама две недели, што наводно гипоминал на „службено патување“.
Оназис беше во јавна тајна афера со оперската пејачка Марија Калас во текот на неговиот брак, користејќи ги сите свои медиумски врски за да ја понижи Џеки, тврди авторот на книгата.
- Уморен од фактот дека Џеки постојано се жали на нарушување на приватноста и малтретирање на медиумите, Аристотел лично дал десет фотографии, како и детална карта и време кога „вдовицата“ ќе биде на плажа - пишува Андерсон за времето кога се направени контроверзните фотографии.
Поради нив, Џеки го заработила прекарот „грмушка од милијарда долари“, а нејзините деца биле исмејувани со години.
Не знаејќи дека нејзиниот сопруг стои зад овој инцидент, Џеки планирала да ги тужи медиумите. Наместо тоа, таа доби петиција за развод.
Оназис инаку беше познат како личност која ужива во вниманието на медиумите и ги поканува папараците да се фотографираат со него додека вечера со својата љубовница.
- Ја е**м Марија Калас, ја е**м Џеки Кенеди и е***о сум богат! Оназис некогаш се фалеше со оваа перверзна реченица..
Иронично, Аристотел не доживеа да добие развод. Умре во март, 1975 година. Џеки Кенеди Оназис почина во Њујорк 19 години подоцна - на 19.05.1994 година.