Фризури кои мажите смеат да ги носат во Северна Кореја

Дали знаете дека во Северна Кореја на мажите им е дозволено да носат само 15 „различни“ фризури ...

Северна Кореја со години важи за најизолирана земја. Жителите на оваа земја се целосно одвоени од остатокот на планетата и не сме сигурни дали тие знаат што се случува во светот околу нив. Северна Кореја е земја на која може да се постават многу прашања, но сепак многу работи се чуваат во тајност.

Оваа земја има многу многу чудни и неразбирливи закони, но еден од нај шокантните е веројатно оној што им забранува на мажите да ги носат фризурите како што ги сакаат. Верувале или не, во оваа земја мажите можат да избираат само 15 фризури. Сепак, она што е интересно е што сите овие фризури се всушност многу слични и меѓу нив не постојат многу разлики, така што сите мажи во Северна Кореја изгледаат слично, само заради овој глупав закон.

Овие фризури се инспирирани од воениот стил и им овозможуваат на мажите да бидат уредни и дисциплинирани, така што нема да можете да видите запоставен човек со долга коса во оваа земја. Мажите кои не го почитуваат овој закон може да завршат во затвор неколку години.

На фотографијата подолу можете да ги видите сите фризури одобрени со закон во оваа земја, па погледнете како смеат да изгледаат мажите од Северна Кореја.