Живот // Живот
Фрлајќи им киселина в лице, грчки свештеник ги нападна епископите
Наместо да ги анатемиса, им фрлил опасна киселина.
Грчката полиција уапси поп кој претходно нападнал група епископи во манастирот Петраки во Атина, фрлајќи им киселина.
Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно биле пренесени во болница, објави Ројтерс.
Тој се соочувал со исклучување од црквата откако во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин, објави новинската агенција АНА
Со изгореници се здобил и чуварот на манастирот, кој успеал да го фати свештеникот пред портата и бил пренесен во болницата.