(ГАЛЕРИЈА) Некогашниот убавец доби нов живот

Брендот „Austro Daimler“ го започна својот живот како подружна компанија која подоцна стана Мерцедес Бенц, а својот последен автомобил го направиле во 1934 година..

Сега, оваа компанија одлучи да се врати на сцената со сите свои неверојатни спецификации. Преубавиот автомобил „Bergmeister ADR 630 Shooting Grand“ има мотор со шест цилиндри кои се дело на брендот Мерцедес, а спарен е со три електрични мотори кои ќе прозиведуваат 271 коњски сили и батерија од 55 kWh. Комбинираното производство на овој модел е 1.181 коњски сили, а тежи околу 1800 килограми, а најголема брзина може да достигне до 330 километри на час.

Кога го возите овој автомобил само на електричен погон, може да поминете 260 километри со едно полнење, додека комплетниот опсег од 1000 километри може да се постигне преку најекономичните режими за возење, кои ги има дури 30.

Екстериерот на овој модел е исто толку импресивен како неговите спецификации, а можете да го видите во галеријата.