(ГАЛЕРИЈА) Претставени новите Turbo S верзии на Porsche 911!
Porsche ги претставија Turbo S верзиите на новата генерација на 911. Повеќе моќ, подобра динамика и подобар комфор. Turbo S верзиите ни доаѓаат во купе и кабрио верзии со новиот 3,8 литарски боксер мотор со двојни турбинии моќност од 650 коњски сили! Што претставува дури 70 коњски сили повеќе од претходната генерација. Максималниот вртежен момент сега изнесува 800nm. Во оваа варијанта на 911, менувачот е уникатен за Turbo (Porsche Doppelkupplung – PDK), доаѓа со 8 брзини и резултира со време од 2,7 секунди до 100 км/ч – за 0,2 секунди побрзо, додека максималната брзина е иста и изнесува 330 км/ч. Мислиме дека е доволно.
Димензиите на новиот 911 Turbo S се минимално зголемени и тие вишок центиметри одат во корист на аеродинамиката. 45мм поширок на предната оска и 20мм повеќе во задниот дел. Новите рас-пар гуми (потесни напред, пошироки во задниот дел) ги зголемуваат возните карактеристики на овој супер-автомобил.
Адаптивната еродинамика и контролира отворите за воздух во предниот дел, додека големиот заден спојлер е дизајниран за уште повеќе downforce. За прв пат во 911, моќта се пренесува на патот на тркала во различни димензии, 20 инчни 255/35 напред и 21 инчни 315/30 позади. Новата опрема само го истакнува дополнително квалитетот на перформансите кои Turbo S ги нуди. Погонот за пренос на сите тркала воден од Porsche Active Suspension Management (PASM) кој е задолжен да ја контролира шасијата, е спуштен за 10мм и спортскиот издувен систем со варијабилно отворање гарантира дистинктивен звук кој искрено недостасуваше во „обичните“ Carrera S и 4S.
Комплетно новиот мотор во 911 Turbo S е варијација на моторот кој го видовме во Carrera. Целосно е редизајниран начинот на воздушно ладење, нови, поголеми VTG турбини и симетрична поставеност со електронски контролирани издувни клапи, гарантираат висока респонзивнот, моќности вртежен момент, додека емисиите на штетни гасови се значително намалени.
Дизајнот прави одличен баланс помеѓу задоволството на возење, динамиката и спортските карактеристики, кои се идеални за секојдневното возење, како и возењето на патека. Подобрувањето на перформансите на новата генерација 911 Turbo S е значителна во спринтот до 200 км/ч за кое се потребни 8,9 секунди или цела секунда побрзо од претходната генерација. Благодарение на Porsche Traction Management (PTM) системот за погон на сите тркала има поголема моќност и подобра тракција со тоа што до 500Nm се пренесуваат на предната оска при лансирањето. Новата генерација на PASM шасијата е уште поспортска. Шасијата прецизно и брзо ги регулира дамперите за добивање на значителна предност во динамиката на возењето и стабилноста при свиоците, додека системот за управување станува „ласерски“ кога ќе го насочите воланот во саканата насока.
Страничните големи отвори за воздух се главна карактеристика на 911 Turbo, кои во новата генерација се поголеми, додека светлата се LED Matrix со два модула. Задниот спојлер пневматски се отвора и дава 15% повеќе downforce. Мускулниот спојлер е интегриран во деловите на воздушните отвори, со што се нагласува целиот дизајн на Turbo S. Новите издуви се четвороаголни со што Turbo дизајнот завршува, барем во надворешниот дел.
Внатре, Porsche 911 Turbo S очекувано ни доаѓа со високо квалитетни материјали од кожа, јаглеродни влакна или сребрени акценти. Новиот дизајн на дво-тонски ентериер го нагласува прелевањето на боите, материјалите и целиот карактер коj со Sport Chrono пакетот доаѓа со часовник за мерење на вашите кругови на патеката поставен во центарот на конзолата го постигнува ефектот. Turbo!