Гарантирано неодоллив: Парфемот Армаф
Парфемите Армаф се миризливи креации на нови куќи од Обединетите Арапски Емирати. Тие се префинети, софистицирани, имаат интензивни ноти и се гарантирано неодоливи.
Првите серии беа произведени во ОАЕ, додека поновите серии се преселија во француската држава- дом на сите парфеми. Армаф сака да биде меѓу најдобрите и затоа создава нова палета на мириси. Познати се по тоа што создаваат мириси за заведување, посебно машките парфеми.
Конкретно овој- Tag-Him Prestige од Армаф е килибарен фугер мирис за мажи. Горните ноти се грејпфрут, нане и бергамот; средните ноти се лаванда, цимет, црвен портокал и бибер; основните ноти се ванила, килибар, светло дрво и пачули.
Со одлично пакување, можете да бидете сигурни дека ќе го најдете парфемот кој најмногу одговара на вас и на вашиот начин на живот. Првото издание на парфемот Армаф е од 2015 година, а последното од 2020 година. Полека, но сигурно Армаф се наметнува како еден од поквалитетните парфеми, а купувачите се повеќе го препознаваат!