ГЕРМАНИЈА ИМА НОВ ВАЖЕН ЗАКОН: Кој ќе го прекрши, може да биде казнет и до 50 илјади евра
Во петокот, Германија усвои закон за заштита на свиркачите, кој треба да помогне во борбата против корупцијата. Законот доби зелено светло од Бундестагот, по неколкумесечни преговори меѓу владејачката коалиција и конзервативната опозиција, пренесува dpa.
Германија го пропушти рокот за усогласување со регулативите на Европската унија и се соочува со веќе започната постапка.
Претставничкиот дом, Бундестагот, за волја на вистината, го усвои законот на крајот на минатата година, со мнозинството од владејачката коалиција.
Бундестагот, сепак, е под контрола на опозициската Христијанско-демократска унија, која оцени дека тогашниот предлог претставува преголем финансиски товар на малите бизниси.
Двете страни повикаа помош од комисијата за посредување меѓу двата дома, и на крајот се договорија за текстот што беше изгласан во петокот, повеќе на Фактор.мк
Фото: unsplash