Германија предупредува: Поголема е опасноста од тромбоза без вакцината на АстраЗенека

По одлуката на Данска, Норвешка и Исланд да ја прекинат вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека, Германија и Франција соопштија дека ќе продолжат да ја користат оваа вакцина на британско-шведскиот производител.

Данска одлучи да престане да ги вакцинира своите граѓани со АстраЗенека 14 дена, поради појава на згрутчување на крвта кај некои вакцинирани лица, но и смрт на едно лице, иако во овој момент не е можно да се утврди дали постои врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, известуваат од Копенхаген.

По најавата од Данска, Норвешка и Исланд, иста одлука привремено да ја запрат употребата на АстраЗенека, а донесоа и Романија. Австрија, каде почина една постара жена, на која и беше дијагностицирано згрутчување на крвта.

Ниту Словенија не ја суспендира употребата на вакцината иако сомнежи се појавија по случајот со училиштето во Велење, каде две третини од вработените по вакцинацијата имаа силна реакција и заминаа на боледување.

Повеќе на Фактор.мк