Спорт // Спорт
Ѓоковиќ го преслуша Димитров, закажа дуел со Минаур
Новак Ѓоковиќ во третото коло на Австралија Опен ја оправда фаворитската улога и го победи Бугаринот Григор Димитров со 3:0, резултатот по сетови 7:6 (9:7), 6:2 и 6:4.
Мечот траеше три часа и седум минути игра, Србинот имаше проблем само во првиот сет, за пласман во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минаур.