Спорт // Спорт
Ѓоковиќ го реши Монфис, останува број 1 на АТП листата
Србинот Новак Ѓоковиќ запиша победа против Гаел Монфис од Франција со 2:0. АТП Мастерс од серијата 1000 во Мадрид.
Ѓоковиќ триумфираше со 6:3 и 6:2, следен негов противник ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј – Денис Шаповалов.
Победата на Ѓоковиќ му го осигура првото место на АТП ранг-листата каде ќе ја запише 369 недела на врвот.
Ѓоковиќ и Монфис се сретнаа по 18 пат, а Србинот има максимален број на победи.