Ѓоковиќ: „Не сум за вакцинација против коронавирусот“
Најодбриот српски спортист, Новак Ѓоковиќ на Фејсбук продискутира со своите колеги за моменталната ситуација, но и за многу други теми.
Во „лајвот“ учествуваат и Душан Борковиќ, Душан Лајовиќ, Александар Атанасијевиќ, Виктор Троицки, Ненад Зимоњиќ, Марко Пантелиќ и Јанко Типсаревиќ и Филип Крајиновиќ.
Во фокусот им беше ситуацијата околу пандемијата коронавирус, а Ѓоковиќ истакна дека многу време ќе помине додека да се врати се во нормала.
„Работите дефинитивно нема да бидат исти и прашање е кога ќе се вратат во нормала. Ова трае и ќе трае можеби уште волку, а можеби и подолго. Ова е период кој сите ќе го искористиме за добро да размислиме како да ја продолжиме кариерата, професионалниот живот... За нас тенисерите скратува многу патувања. За мене ќе биде предизвик борј 1“ - рече тој.
Ѓоковиќ истакна и дека патувањата ќе му претставуваат најголем проблем, а и дека темата поврзана со коронавирусот ќе биде длабоко втисната во совеста на секој човек.
Новак зборуваше и за евентуалната вакцинација против Ковид - 19.
„Лично не сум за вакцинација и не би сакал некој да ме приморува да добијам вакцина за да можам да патувам. Доколку тоа биде правило и закон што ќе биде тогаш? Ќе треба да одлучам дали да го прифатам или не тоа. Имам свое размисмислување, а дали ќе се промени во некој момент не знам. Хипотетички, да се продолжи сезоната во јули, август или септември, иако не се големи шансите, колку што разбрав веднаш по прекинувањето на строгиот карантин ќе има барање за задолжителна вакцина, која се уште ја нема“ - истакна помеѓу останатото Ѓоковиќ.