Ѓоковиќ подобар од Куако, повредата и провокациите на пијан навивач на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Австралија Опен 2023, во натпревар со чуден тек, прекини, провокации и убави поени го победи францускиот квалификант Енцо Куако со 3-1, резултатот по сетови 6-1, 6-7, 6-2 и 6-0.

На натпреварот Ѓоковиќ поради проблеми со повредата на задната ложа искористи и медицински тајмаут во вториот сет, ја издржа и публиката, имаше конфликт со еден пијан навивач во публиката.

Во следното коло, Ѓоковиќ за противник го има Григор Димитров кој во второто коло го елиминираше Србинот Ласло Ѓере со максимални 3-0.