Ѓоковиќ: Поради политика и бирократија, ова е неподносливо, не можам да бранам 4000 бода
Новак Ѓоковиќ запиша прва победа на Ролан Гарос во првото коло, славеше против Нишиока со 3-0, а потоа се осврна кон актуелната ситуација, тој ќе загуби 4000 бода поради политика и бирократија.
АТП нема да ги вреднува бодовите од Вимблдон, каде Србинот брани 2000 бода, а загуби исто толку и од Австралија Опен.
„Можеа да ги замрзнат бодовите, можеа да преговараат, за мене, секако дека е проблем, бидејќи годинава останав без можност да бранам 4.000 поени. Од друга страна, драго ми е што тенисерите се обединија и АТП и ќе му покажат на Вимблдон дека прави грешка. Јас ќе загубам 4.000 бодови оваа година без можност да ги бранам, и тоа поради Австралијан опен и Вимблдон. Разговарав со претседателот на АТП, има многу играчи на кои оваа одлука не им се допаѓа“, рече Ѓоковиќ.