Спорт // Спорт
Ѓоковиќ во Рим игра за финале но и за влез во „бесмртните“
Србинот Новак Ѓоковиќ денес против Каспер Руд од Норвешка игра за финале на турнирот во Рим, со победа ќе стигне до неверојатна бројка на победи, но и ќе биде дел од „бесмртните“.
Ѓоковиќ има 999 победи, со триумф против Норвежанецот, ќе влезе во „клубот 1000“, а таму се веќе Џими Конорс кој е прв со 1.274 победи, Роже Федерер со 1.251 е втор, на третото место е легендарниот Иван Лендл кој има 1.068 победи, следува Рафаел Надал со 1.051 победа.