Ѓорѓе Давид сака да го посети семејството на жената која ја прегази: Рокерот сака лично да им изрази сочувство и жали за трагедијата
Ѓорѓе Давид минува низ тежок период откако минатиот викенд имаше сообраќајна несреќа на територија на Македонија во која загина жена.
Музичарот, кој учествуваше во верижен судир и усмрти жена која се движеше по патот, се уште е во Македонија, каде ќе остане до завршување на истрагата. По тој повод, на членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ му бил направен алкотест и било констатирано дека не бил во алкохолизирана состојба. А додека не заврши истрагата, Давид престојува во хотел и е должен да пријави кај надлежните органи кои се уште работат на случајот.
Освен тоа, на Ѓорѓе му било тешко да го поднесе фактот дека жената починала. Како што дознава српски Курир, рокерот сака да се види со семејството.
- Ѓорѓе се уште не може да се вразуми поради се што се случи. Само повторува дека многу му е жал за се и дека никогаш во животот не згазнал куче. Тој рече дека ќе ја прифати секоја одлука на судот и дека сака само да заврши оваа агонија. Треба да се сретне со семејството на несреќната жена и лично да им каже дека е виновен. Веќе не е истиот човек. Тој, кој е постојано насмеан, ведар и весел, сега е депресивен и целосно променет.Не бега од одговорноста, туку повеќе од се сака да се сретне и да го запознае семејството на починатата жена - изјавил соговорникот за Курир.
Ѓорѓе по несреќата зборуваше за медиумите и откри што се случило.
- Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина и крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена. Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството нема да бидам приведен бидејќи не сум виновен. Имав мала скршеница, сега сум добро. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во шок, тоа е пекол. Имам два конци на левата рака поради исеченици од возачкото седиште, кои пукнаа. Му благодарам на Бога што имам добар автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше - изјави Ѓорѓе за „Гранд“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs