Гламурозен јубилеен роденден: Дејвид Бекам потроши 250.000 фунти за 50-тиот роденден на сопругата, имаше и посебно изненадување (ВИДЕО)

Модната дизајнерка Викторија Бекам на 20 април, го прослави својот 50-ти роденден.

По тој повод организирала гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на медиумите, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

Имено, тој не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, а потрошил околу 250.000 фунти за да го ангажира омилениот готвач на Викторија и да го купи нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.

Посебно изненадување за сите беа членовите на некогаш многу популарната група „Спајс грлс“ во која беше дел и Викторија. Тие заедно ја изведоа својата песна „Стоп“, а имаа и кореографија. Дејвид го снимаше сето ова.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Пред почетокот на прославите, Дејвид и Викторија позираа заедно со нивните четири деца, а Викторија во објава на Инстаграм тогаш напиша дека „едвај чека да започне прославата“.

Викторија на прославата дојде со патерици, што е последица на неодамнешната повреда во теретана кога го скрши стапалото.

Големо внимание привлече доаѓањето на нивната ќерка Харпер, која за оваа пригода избра елегантен и едноставен фустан.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


На забавата присуствуваше и Мел Би, долгогодишната пријателка на Викторија и член на групата „Спајс грлс“.Тука беа и преостанатите членови на познатата група - Ема Бантон и Мел С.Гостин беше и холивудската актерка Ева Лонгорија. Познатиот готвач Гордон Ремзи. На прославата се појави и пејачот и поранешен сопруг на Џенифер Лопез - Марк Ентони.

Том Круз несомнено привлече најголемо внимание. Тој на забавата дојде во елегантен црн костум, а очигледно е дека се уште е во одлична форма.

Интересно е што неговата ќерка Сури со која не комуницира со години, само ден претходно го прослави својот роденден. Наследникот кој го доби за време на бракот со Кејти Холмс немаше голема прослава, но тој ден беше фотографиран на улиците на Њујорк, во друштво на блиска пријателка.

Кога Холмс и Круз се разведоа, тој потврди дека желбата на Кејт да ја задржи Сури надвор од скиентолошката вера, на која и беше верен, беше фактор за нивното разделување. Често се пишуваше дека Круз е толку посветен на скиентологијата што поради тоа изгубил контакт со својата ќерка.

Познато е дека секој што ќе ја напушти скиентологијата се смета за „супресивна личност“ и е отсечен од сите членови на црквата, како и од членовите на семејството кои се уште се активни во црквата.

Фото: Инстаграм
Извор: Nova.rs