Гледајте го првиот пациент со „Neuralink“ на Маск како игра видео игри со помош на своите мисли
Благодарение на имплантот „Neuralink“, Арбо сега може да игра видео игри и онлајн шах без физички контакт со уредите, користејќи ги само своите мисли
Компанијата „Neuralink“, под водство на Илон Маск, постави нов стандард кога станува збор за интеракцијата на мозокот и компјутерските системи, демонстрирајќи како личност со сериозни физички ограничувања успеа да ги контролира видео игрите и онлајн шахот користејќи ги само своите мисли.
Настанот, емитуван во живо преку социјалната платформа „Х“ на Маск, ја покажа способноста на пациентот, Ноланад Арбо, кој бил оневозможен од многу активности кои бараат физичка интеракција поради квадриплегија.
Арбо, 29-годишник кој претрпе повреда на 'рбетниот мозок во нуркачка несреќа пред осум години, рече дека технологијата на „Неуралинк“ веќе му го променила животот. „Операцијата беше исклучително едноставна“, рече Арбо, додавајќи дека бил пуштен од болница веќе следниот ден по зафатот во јануари. Неговата способност да игра шах и видео играта „Civilization VI“ користејќи го својот ум, вели тој, му враќа дел од неговата изгубена независност.
Livestream of @Neuralink https://t.co/0kHJdayfYy
— Elon Musk (@elonmusk) March 20, 2024
„Neuralink“, компанија основана со цел да развие технологија која овозможува директна комуникација помеѓу човечкиот мозок и компјутерските системи, користи имплант кој содржи значително повеќе електроди во споредба со слични уреди достапни на пазарот, со што се отвора вратата за поширока примена на оваа технологија во иднина. Овој уред работи без потреба од жична врска со надворешни уреди, давајќи им на пациентите поголема слобода и флексибилност во интеракцијата.
Илон Маск по демонстрацијата на платформата „X“ навести дека следниот чекор во развојот на технологијата на „Neuralink“ би можел да биде насочен кон враќање на видот, коментирајќи дека тоа е следната цел по импланти за парализирани пациенти.
Иако „Neuralink“ не е единствената која работи на развој на интерфејси мозок-компјутер, нивниот напредок во оваа област привлекува посебно внимание поради неговите потенцијални апликации за подобрување на квалитетот на животот на луѓето со сериозни моторни ограничувања.
Извор: Telegraf.rs