Глумеше просјак за да види колку може да заработи: Видеото од овој млад човек крена бура на мрежите
Кратките клипови, или рилсови дефинитивно станаа најпопуларниот формат на социјалните мрежи, инстаграм и фејсбук. Корисниците често вложуваат големи напори да ги „обезбедат“ прегледите и лајковите, а еден од нив дошол до необична идеја.
Креатор на содржини од индискиот град Калкута, Панта Деб, се преправал дека е просјак за да види колку може да заработи. Облекол искинати фармерки и маица и излегол на улица.
На почетокот на видеото тој ја претстави својата идеја пред гледачите, а потоа обиколи неколку улици и локалната автобуска станица. Тој барал пари од минувачите и покажа како реагираат, пренесува НДТВ.
Младиот човек открил дека на крајот од денот собрал околу 34 рупии (нешто помалку од едно евро). Парите што ги добил од просењето ги дал на постара бездомничка.
Видеото брзо стана вирално, доби илјадници лајкови, а во исто време предизвика жестока дебата. Некои го критикуваа Пант Деб, бидејќи е „подготвен да направи се‘ за кликови“, додека други го пофалија неговиот хуман гест.
„Луѓето ќе направат се‘ за да обезбедат популарност“, напиша еден корисник, а друг додаде: „Кога некој е невработен“.
Од друга страна, многумина велеа дека младиот човек ги освоил со овој „експеримент“.
„На крајот ми го допре срцето“, призна едно лице.
Фото и Видео: Инстаграм