Го чисти никотинот и катранот во телото: Пушачите треба да го направат овој пијалак и да ги зачуваат своите бели дробови
Ако сте пушач или поранешен пушач, вашите бели дробови се многу полни со токсини од цигари. За да ги исчистите белите дробови нема да ви треба чудо, туку чудесен пијалак со лековити својства направен од три растенија, ѓумбир, кромид и куркума.
Ѓумбир
Овој древен зачин се користел уште од античко време поради неговите лековити својства. Меѓу другото, помага да се елиминира вишокот слуз во белите дробови.
Кромид
Кромидот, како и лукот, има антиканцерогени својства и е одличен борец за многу здравствени состојби. Посебно е ефикасен во спречување на разни болести на респираторниот систем.
Куркума
Куркумата или индискиот шафран е преполн со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства, затоа задолжително збогатете ја вашата секојдневна исхрана со овој зачин.
За подготовка на овој пијалак потребни ви се:
- 400 грама кромид
- 1 литар вода
- 400 грама шеќер (ако сакате поздрава верзија, користете мед или јаворов сируп)
- 2 лажици куркума
- корен од ѓумбир со големина на палец
Начин на подготовка:
Во водата додадете го шеќерот, ставете го на оган и оставете да зоврие.
Главите кромид исечкајте ги на четвртинки, исечкајте го коренот од ѓумбир и двете додајте ги во засладената вода.
Кога смесата повторно ќе зоврие, додадете ја куркумата и намалете ја топлината на минимум.
Оставете ја смесата да се готви додека количината на вода не се намали за половина. Потоа процедете го и истурете го во стаклена тегла.
Кога целосно ќе се излади, ставете го во фрижидер и чувајте го пијалокот таму цело време.
Земете две лажици од еликсирот наутро на празен стомак и навечер два часа по оброкот.
Извор: најжена
Фото: freepik/youtube/printscreen