Го имаме фаворитот на машката мода за оваа година: Hugo Boss

Соврпените линии и строгата класика разиграна со суптилни детали по кои е познат брендот Хуго Бос, овој пат е целосно „размрдана“. Најновата колекција восхитува на секој можен начин и секој маж може да си пронанде парче кое му се допаѓа. 

Наместо елеганција, новата линија има спортски шмек во цигла, сина и пудреста боја. Предимензионирани капути, панталони со коцки, пепито дезен, ролки, бомбер кожени јакни, џемпери, кошули со риги... сето тоа во фантастично дизајнирана целина. 

Погледнете: