Го напуштил бендот бидејки сметал дека не е доволно добар пејач: Килијан Марфи откри зашто одлучил да стане актер
Пред да стане актер, Килијан
Марфи пеел во бенд и имал музичка кариера. Во интервју за NME, тој изјавил дека не продолжил со музиката затоа што мислел дека не е доволно добар пејач.
Омилени му биле Френк Запа и „Битлси“. Инспириан до своите исдоли со својот брат формирал бенд.
Бендот им се викал The Sons of Mr Green Genes, а инспирација за името им била песната на Френк Запа од 1969 година Hot Rats. Песните им биле експериментални, полни со откачени текстови и звуци на соло гитара.
Пред да се откажат лондонски Acid Jazz им понудил пет албуми, но Марфи и брат му го одбиле.
Им објасниле дека сакале да останат независни.
„Никогаш не мислев дека сум навистина доволно добар. Затоа, знаете, не се занимавав со музика. Сакам да правам една работа во која сум прилично добро”, рече актерот.
Фото:instagram/screenshot