Го призна поразот: Биполарниот Канје Вест повторно ќе се кандидира за претседател на Америка- во 2024 година
Само се зарами со својата кандитатура за претседател на Америка. Раперот Канје Вест освои само 60.000 гласови на изборите. Ама затоа пак, најави нова кандитатура во 2024 година.
Сопругот на Ким Кардашијан уште во стратот на изборната кампања потфрли со сочни изјави за неговата сопруга, а и неговото однесување беше на мета. Подоцна сопругата откри дека има биполарно нарушување.
Инаку, беше на листите во Луизијана, Мисисипи, Минесота, Тенеси, Арканзас, Ајдахо, Кентаки и Вермонт - во последната државата освоил само околу 1.200 гласови, што е околу 0,3% од вкупниот број.
- Господ е толку добар ... Денес, за прв пат во мојот живот, гласам за претседател на САД - гласам за некој на кого навистина му верувам - гласам за себе - објави вчера Канје на Твитер.
Подоцна тој го призна поразот.