Го викаат монструм: Тежи колку 60 африкански слонови
Ова „чудовиште“ има запремнина на мотор од 174.300 кубици
Камионите припаѓаат на најголемите возила, но белорускиот модел Белаз 75710 прави просечниот тежок камион да изгледа како играчка!
Добро познат производител на камиони создаде возило со рекорден капацитет до 450 тони! Најголемиот камион на белоруската фабрика досега можеше да носи 360 тони, а машините со овој капацитет на товар се произведуваат во само пет компании во светот. Наменет е за употреба во големи рудници, а е висок скоро десет метри.
Белаз 75710 тежи 810 тони, приближно околу 60 африкански слонови, а на неговите тркала се беззвучни гуми на Мишелин, секоја со тежина од осум тони. Неговата најголема брзина е 64 км на час, додека при полно оптоварување може да развие околу 40 км на час.
Ова „чудовиште“ го напојува моторотсо 174.300 кубици со 2300 коњски сили и резервоарот со капацитет од 1800 литри! Овој резервоар е исто толку неопходен затоа што троши 965 литри на 100 километри (во оперативна состојба), додека во место троши 30 литри на час.