Гоца Тржан за Тоше Проески: Луѓето кои се толку сакани и талентирани, никогаш не умираат
- Само што се имав породено, Лена имаше два-три месеци. Пријателка од Загреб ми се јави и плачеше. Таа ме праша: „Дали е вистина дека Тоше почина?“, јас ѝ реков: „Не треси, како умрел?!“. Таа ми кажува дека е вистина и дека го видела видеото како го извлекуваат во близина на Градишка под камионот.
За жал, тогаш не можев да одам на погреб поради мало бебе, тоа беше голем стрес за мене - рече Гоца Трќан и додаде:
- Никогаш нема да заборавам дека отидов во македонската амбасада да се потпишам во книгата на жалоста.
Српската пејачка се присети на моментот кога дознала за трагичната сообраќајка во која загина Тоше Проески и проговори после толку години...
Пејачката вели дека не била во можност да оди на неговиот погреб бидејќи штотуку се породила со ќерката Лена и дека неговата загуба претставува голем стрес за неа.
Со кого го сними хитот „1200 милји“ пред скоро две децении. Таа сега се сеќава на моментот кога дознала за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Тоше.
Додека зборуваше за овој трагичен настан, Тржан цело време имаше кнедла во грлото.
По неколку години работев во Прилеп и спиевме во неговиот роден град, Крушево. Потоа отидов во Музејот и на неговиот гроб. Некако се збогувавме ние двајцата... Беше голема привилегија кога ја испеав „1200 милји“ со него. Затоа мислам дека луѓето кои се толку сакани и талентирани, никогаш не умираат - рече Гоца во „Premijera-Vikend Specijal“.