Гоце Георгиевски: Ќе се фокусираме на македонското првенство и СЕХА, оваа сезона
Вардар 1961 ги започна подготовките за новата сезона, со поинаков состав, без настап во елитното натпреварување на ЕХФ-Лигата на шампионите, ќе се докажува на домашна сцена.
Амбициите на екипата се исти, и покрај сите проблеми, Гоце Георгиевски смета дека освојување на титулата во домашното првенство е императив.
„Мислам дека најдобро за нас е да го заборавиме периодот во врска со неиграњето во Лигата на Шампионите. Тоа треба да се насочиме кон она што е пред нас, македонското првенство и СЕХА лигата. Имаме релативно млада екипа,очекувам добри подготовки, успешни и сите да останат здрави. Гледам потенцијал во оваа екипа, има доста млади играчи кои мислам дека ќе докажат дека нивното место е во Вардар. Амбициите се исти, освојување на шампионската титула во Македонија, нема да биде лесно, бидејќи го имаме Пелистер за ривал кој се засили, но мислам дека тоа е добро за македонскиот ракомет, сметам дека не очекува уште една интересна ракометна сезона во Македонија“ изјави Георгиевски.