Годишнина од смртта на Гоце Делчев: Мистерија е неговата несудената свршеница Јустинијана Каневчева Герџикова
Јустиниjана Каневчева Герџикова, попозната како Јанка Каневчева (11 јуни 1878 - 3 март 1920) е заведена во аналите на историјата како македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.
Родена е во Охрид во 1878 година. Каневчева влегува во Организацијата и учествува во револуционерната женска група МРО/ТМОРО на учителката Славка Чакарова-Пушкарова од Струга, заедно со Љуба Ќупева од Велес и Амалија Примџанова, подоцна сопруга на Климент Шапкарев.
Го потпомагала дејствувањето на ТМОРО, меѓу другото и со испраќање облека за четите, преписка и други потреби за Организаијата.
Била блиска пријателка на Гоце Делчев и негова свршеница, но по неговата смрт се мажи за неговиот верен другар и долгогодишен соборец, Михаил Герџиков.Се вели дека биле многу вљубени и дека тој често ја посетувал но и дека поради воената ситуација немале многу можност за заеднички мигови.
Вереницата на Делчев кога дознала за неговата смрт следните неколку години ќе ги помине во црнина, иако била девојка; тој и таа си имале дадено збор само меѓу себе, без обврски и без сведоци.
Потоа се мажи за друг, му раѓа деца, но ќе остане запишана како жената која Гоце најмногу ја сакал.