Судбинска иронија: Таткото кој ја изгуби ќерката во автомобил починал пред да замине во затвор (ВИДЕО)

Татко починал токму на денот кога требало да биде приведен за издржување на затворска казна поради случај кој пред неколку години ја шокираше јавноста. 

Тој беше осуден за негрижа, откако ја оставил својата двегодишна ќерка во автомобил на високи температури, по што детето трагично починало. Судот ја утврди неговата вина, а денес, кога требало да биде спроведен во затвор, таткото ненадејно починал. Оваа вест повторно ја отвори болната тема за одговорноста, вината и границите на човечката издржливост по голема загуба.