Gold Felicia presents: Mark de Jong LIVE

Вкус, музика и страст – сè во едно попладне

Во недела, 28 септември, од 12:00 до 16:00 часот, ресторанот Gold Felicia – Битола ќе биде домаќин на едно несекојдневно гастрономско доживување.

Еден од најпознатите шефови во Македонија – Mark de Jong, ќе готви во живо пред публиката, претворајќи го просторот во динамична гастро-сцена исполнета со мириси, вкусови и енергија.

„Сакам храната да ја раскаже приказната на Gold Felicia,“ открива шеф Mark. „Ќе играм со боите и атмосферата на кабарето — целата маса да изгледа како мини сцена, а секој залак да носи дел од тој свет.“

За ова попладне, тој ќе подготви специјална селекција од неколку уникатни јадења, создадени исклучиво за овој настан, од кои гостите ќе можат сами да избираат и комбинираат според сопствениот вкус — создавајќи лично гастрономско доживување во опуштена и пријатна атмосфера.

Со добра музика и специјално подготвена сцена, ова ќе биде попладне кое ги спојува вкусот, ритамот и страста – токму како што доликува на Gold Felicia.

Бројот на места е ограничен — резервирајте навреме!

+389 75 316 974

Gold Felicia – Битола

ПР објава