Голем луксуз: Ѕирнете во вилата на Хантер Бајден - средниот син на американскиот претседател
Вториот син на претседателот на Соединетите држави, Џо Бајден и неговата прва сопруга,
Нилија Хантер Бајден, Хантер Бајден, не само што ја смени кариерата, туку и
местото на живеење…
Хантер Бајден, кој неодамна одлучи да стане уметник, се пресели во вила која чини 20.000 долари месечно, заедно со неговата сопруга Мелиса Коен и едногодишниот син, Бум. Тоа е прекрасен имот во сончевиот Малибу и доаѓа со уметничко студио. Како што дознаваме, Хантер сака да го започне својот ден рано - станува во пет наутро, пие шолја кафе и веднаш се упатува кон своето ново уметничко студио, создадено на местото на гаража за три автомобили, и содржи под од тули и светларник.
Вилата од 450 квадратни метри нуди простор со отворен план со дабови подови и панорамски поглед на Пацификот. Пред да се всели Бајден во овој дом со четири спални соби и две и пол бањи, живееше во вила од 5,4 милиони долари, која тој исто така ја изнајмуваше, на плажата Венеција.
Имотот каде што се наоѓа вилата има камен двор, вградена скара и базен со дел за џакузи. Според официјалната листа на вилата, таа содржи отворена дневна соба со џебна врата, засводени тавани и обемен камин.
Спалните соби имаат амбиент сличен на оној во дневната соба, карактеризиран со бела палета на бои, која е нагласена со сини елементи, совршено следејќи ја убавината на Пацификот.
Фото: Luxary Lanches