Голема прослава во домот на Анастасија и Немања Гудељ: Прекрасен повод, а таа никогаш не била посреќна
Фотографијата која Анастасија ја сподели на социјалните мрежи кажува повеќе од илјада зборови
Познатата пејачка Анастасија Гудељ и нејзиниот сопруг фудбалерот Немања Гудељ денеска слават година и пол откако ја започнаа љубовната врска.
Двајцата се заљубиле речиси веднаш штом се запознале и таа љубов прерасна во брак кој официјално беше склучен пред неколку месеци. Фудбалерот реши на посебен начин да го одбележи моментот кога се впуштиле во романса, пред точно една и пол година.
Немања уште еднаш покажа колку му значи Анастасија, па го избра најубавиот букет цвеќе што го нашол во цвеќара и ѝ го донесе на својата сакана.
Потценување е да се каже дека била воодушевена, а не одолеа да ја сподели оваа убава вест со своите верни следбеници на Инстаграм.
Таа објави фотографија на која се гледа како држи цвеќе во рацете и убавата насмевка блеска на нејзиното лице. На прв поглед се гледа дека е многу среќна и исполнета и дека го живее својот сон.
- Среќна година и пол, девојче мое! Те сакам засекогаш – ѝ порача Гудељ на Анастасија.
Извор: glossy.rs