Горан Миќиќ, тату артист: Перо Антиќ ја има „најлудата“ тетоважа

Почнал од Балканот, ја поминал Европа и стигнал да се бори со најголемите во Соединетите Американски Држави. Горан Миќиќ е еден од најдобрите тату артисти во Македонија, со голем придонес во уметноста на телата. Првата тетоважа ја направил на 13 години. Но, од денешен аспект појаснува дека таа возраст не е соодветна за тетоважи.

ЖМ: Од тату артист се очекува да има многу тетоважи. Колку имате вие и со кои мотиви?

- Не мора да значи. Подобрите во светот немаат тетоважи, бидејќи не знаат што да стават. За мене лично такво беше учењето на сами себе во 2006 година, немаше друг избор, па останав скоро на две.

ЖМ: Дали интересот за оваа професија се јави кога ја направивте првата тетоважа?

- Па да кажеме да, бидејќи мојата прва тетоважа е на 13 години, што не би го препорачал од денешен аспект.


ЖМ: Трагајќи по нови искуства и усовршување на занаетот, каде ве однесе патот, во кои земји?

- Почнав по Балкан, Европа, стигнав да се борам со најголемите во Соединетите Американски Држави. Можам да кажам дека имам прошетано пола свет.

ЖМ: Во ерата на модерната технологија веќе нема правила, сѐ е достапно, а луѓето денес тетовираат апсолутно сѐ и тешко е да се генерализираат нештата. Сепак, се разликуваат ли Македонците по изборот на тетоважи?

- Порано беше табу тема, како што би рекол, и беа навикнати на лоши тетоважи, сега е многу подруго. Македонија има квалитетни артисти што приденосуваат да расте уметноста на телата.

ЖМ: Постои ли лимит на годините за тетовирање и посебни услови во однос на здраствената состојба на личноста?

- Јас препорачувам пред 16 години да не се прави ништо. Сега веке нема каење, како што викавме порано, сега е сериозна уметност, нема импровизација. Сериозна здравствена состојба нормално дека не е препорачлива.

ЖМ: Дали ви се случило да одбиете некого за тетовирање? Постојат ли мотиви кои не сакате да ги работите?

- Се разбира, секојдневно ми се случува. Не прифаќам да работам стил и нешто што со годините наназад што би знаел на кај води и како би изгледало .


ЖМ: Велат дека тату мајсторот телото го гледа како човечки храм и затоа се трудат да го направат поубаво на вистински начин. Затоа луѓето внимателно треба да ја одберат тетоважата и тату мајсторот, бидејќи таа не е накит кој се менува. Како размислувате вие?

- Одлично прашање кое го поставивте, со самото тоа одговорот, денеска е лесно да се види уметноста на социал медиа. За разлика од пред 15 годии, кога чекавме списанија да добиеме и да бараме слики. Меѓутоа, пред тоа многу повеќе се ценеше уметноста отколку денес.

ЖМ: Некои тетоважи не се толку интересни од естетска гледна точка, туку од приказната како настанале. Можете ли да ни откриете некоја „луда“ приказна?

- Ха - ха, има луди тетоважи. Би го издвоил Перо Антиќ, со бар код на нога од неговата омилена песна.


ЖМ: Која тетоважа ви зеде најмногу време, односно најдолго ја цртавте? 

- Тоа зависи од клиентот колку ќе издржи. Не е препорачливо тетовирање повеќе од 6/7х во една сесија.


ЖМ: Во нашата земја се уште има предрасуди околу тетовирањето. Многумина сметаат дека тоа е за личности од естрадата, актерството, спортот. Ако видите тетоважи, на пример, на рацете од лекар, тогаш се јавува скепса во неговата професионалност. Како да се разбијат тие?

- Мислам дека веќе нема предрасуди. Најдобриот е најдобар во неговата професија.

Соња Алексоска Неделковска