„Градски паркинг“ отстранил 303 возила за една недела
Деновие МВР и
Градски паркинг имале обемна работа. На територијата на Град Скопје отстраниле
вкупно 303 непрописно паркирани возила од јавните површини. Од овие 303
подигнати возила од пајак, дури 262 возила се отстранети по налог на
сообраќајната полиција, а 41 од нив се отстранети од зонските паркиралишта.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.
Фото: Фактор