Гратис ИутеКредит Mastercard картичка за опуштен Black Friday шопинг

Последниот петок во ноември, односно оваа година 29.11.2019 е Black Friday, денот кога попустите се толку големи што ретко кој може да одолее. На овој ден има вистинска шопинг манија, бидејќи понудата на производи и услуги со намалени цени често е и ограничена.

За комплетно опуштен Black Friday и Cyber Monday шопинг, ИутеКредит на своите нови и постоечки клиенти кои ќе аплицираат и ќе добијат одобрување за кредит во период од 22.11. до 02.12.2019 ќе им подари ГРАТИС Mastercard картичка со валидност од 2 години која редовно чини 990 денари.


Пари достапни 24/7

Новите клиенти можат да аплицираат за 30 000 денари и да го вратат истиот износ за еден месец со 0% камата, односно колку ќе земат, толку треба да вратат.

Постоечки клиенти кои можат да аплицираат за износи до 100 000 денари со рок на враќање до 24 месеци, исто така добиваат гратис Mastercard картичка со својата следна апликација.

Mastercard картичката од ИутеКредит е ревуолуционерна на нашиот пазар бидејќи овозможува корисниците да ги имаат потребните парични средства веднаш и достапност на услугите 24/7. Со оваа картичка може да се плаќа на сите ПОС терминали во земјава и странство, да се подигне готовина од сите банкомати, како и да се вршат плаќања онлајн. Дополнително, корисниците на Мастекард картичката од ИутеКредит добиваат попуст и до 15% кај одредени трговски партнери ИутеКредит.


Купување на рати само со лична карта

Покрај можноста за аплицирање за кеш кредит со кој добивате гратис Mastercard картичка, ИутеКредит овозможува купување на 24 рати само со лична карта директно во продажните салони во својата мрежа на трговски партнери. Дел од партнерите веќе имаат активни Black Friday промоции, затоа посетете ги и побарајте плаќање на рати за износи од 3000 до 120 000 денари.

Одберете ги вашите омилени производи и дочекајте ги  претстојните попусти спремни, со апликација за брз кредит на www.iutecredit.mkи информирајте се за условите и актуелните промоции во ИутеКредит на 13 333.