Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
ПроКредит Банка го означува крајот на годината со исклучително атрактивна понуда -Празничен промо депозит, дизајниран за сите кои сакаат сигурна и исплатлива заштеда.
Каматните стапки за Празничниот промо депозит изнесуваат:
- 3,2% фиксна каматна стапка за депозити во денари со рок на орочување од 13 месеци.
- 2,5% фиксна каматна стапка за депозити во евра со рок на орочување од 25 месеци – услов кој ја издвојува оваа понуда како една од најповолните на пазарот за крајот на годината.
Празничната понуда носи повеќе вредност за парите на секој клиент – независно колку вложува. Промотивниот депозитви дава одлична можност да орочите износ од минимум 100 евра (во денари или евра) и да обезбедите сигурен, редовен приход во следните 13 или 25 месеци.
Каматата се исплаќа на месечно ниво, овозможувајќи редовен, предвидлив и стабилен приход.
Овој празничен депозит е сигурно, транспарентно и целосно предвидливо решение за дополнителен месечен приход. Со фиксни каматни стапки и однапред дефинирани услови, вашата добивка е јасна уште од првиот ден, а средствата се орочени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.
Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка останува посветена на развојот на културата на штедење и на создавање практични решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите – доказ за тоа е долгогодишната доверба и широката база на задоволни штедачи.
Понудата за празничниот промо депозит важи од 5.12.2025 до 15.1.2026.
Започнете ја својата празнична заштеда и обезбедете стабилен приход под навистина конкурентни услови. Дознајте повеќе за празничната понуда на ПроКредит Банка и искористете ја уште денес.
ПР објава