Григор Димитров: Го победи Федерер, дали ќе биде новата светска тениска сензација?
Многу посветен на тенисот. Почна фуриозно да ги победува титаните на тенисот, а му се смешка и триумфот на УС ОПЕН
Во декември, 2017 година го достигна третото место на АТП листата. Од тогаш имаше подеми и падови, но бугарскиот тенисер Григор Димитров се вивна во облаци после победата над легендата Роџер Федерер во четврт финалето на Отвореното првенство во тенис во Америка- УС ОПЕН кое е во тек. Со резултат од 3-6 6-4 3-6 6-4 6-2 обезбеди пласман во полу финалето, за прв пат во неговата кариера. Медиумите го нарекоа светко тениско чудо и играчот кој допрва доаѓа.
„Мислам дека изминатите шест, седум месеци беа прилично груби за мене. Вежбање, вежбање, и многу вежбање. Имаше толку многу работи што морав да ги прилагодувам во толку мал, но голем временски период “, рече Димитров после мечот.
Димитров е роден на 16 мај 1991 година во Хасково и е бугарски професионален тенисер. Тој исто така е единствениот бугарски тенисер кој стигнал до вкупна заработка од 1 милион долари, а подоцна и до 5 милиони долари.
Исто така, тој е првиот (и единствен) бугарски тенисер кој освоил АТП титула во поединечна конкуренција. Во кариерата има освоено 4 АТП титули. Пред да стане професионален тенисер, Димитров бил одличен јуниорски играч и бил прворангиран на јуниорската листа, притоа освојувајќи ги јуниорските титули на Вимблдон и Отвореното првенство на САД во 2008 година.
Тој единствено дете на Димитар, тениски тренер, и Марија, професорка по спорт и поранешна одбојкарка. За прв пат фатил рекет на тригодишна возраст, а веќе од својата петта година започнал да игра секојдневно. Во почетоците тренер бил неговиот татко, но откако младиот бугарин го покажал својот талент во јуниорските турнири, било јасно дека тој ќе мора да се развива под други околности. Во 2007, Димитров се приклучил на академијата "Санчез-Касал", каде бил понатамошно трениран од страна на Емилио Санчез и Пато Алварез. Една година подоцна, Димитров се преселил во Париз и се приклучил на тениската академија на Патрик Муратоглу во која поминал четири години.
Постоеја гласини дека Димитров е во врска со руската тенисерка Марија Шарапова во втората половина на 2012 година, но двајцата својата врска ја потврдиja по Мастерсот во Мадрид во 2013, каде Димитров ја забележал својата прва победа против својот добар пријател, светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ. Повеќе не се во врска.
Покрај мајчиниот јазик, Григор го зборува и англискиот јазик, а вели дека го интересираат спортот, автомобили, комјутери и часовници. Тој го добил прекарот "Baby Fed" поради неговиот стил на игра и тенискиот талент сличен на Роџер Федерер. Прва победа му е над федерер после осум обиди.
Во полувиналето на УС ОПЕН ќе игра Медведев од Русија. Познавачите на тенисот велат дека Димитров има реални шанси да се закити со главната титула, освојување на Грен слемот.