Гвардиола: Веројатно ќе треба да одиграме многу подобро од првата средба за пласман во финале

Реал Мадрид го пречекува Манчестер Сити со негатива 3-4 по првата средба, овој натпревар беше еден од најубавите сезонава одиграни во Лигата на шампионите.

Пеп Гвардиола, тренерот на Сити смета дека вечерва во Мадрид ќе има уште еден фудбалски спектакл, можеби не идентичен како оној пред седум дена во Манчестер, но очекува динамичен и интересен фудбал.

„Веројатно ќе треба да одиграме подобро од првата средба ако сакаме да победиме. Се е отворено, јасно е во фудбалот, некогаш победуваш, некогаш не, некогаш го добиваш заслуженото, а некогаш не, треба да направиме се да одиме во финале. На правата средба се играше неверојатен фудбал, со голови кои брзи беа постигнати, со седум гола, можеби можевме да имаме и подобар резултат, анализиравме, и сега е пред нас реваншот, се  е можно“  - рече Гвардиола.

Дуелот во Мадрид меѓу Реал и Сити се игра од 21 часот.