Хаос пред финалето на Евровизија: Бесрамно обвинуваат дека српската песна е плагијат, Италијанците се бунтуваат, а вистината е евидентна

Девојките од  Hurricane вечерва настапуваат во финалето на 65 - тата Евровизија, која оваа година се одржува во Ротердам, Холандија, а претставничките на Србија се соочија со бесрамни обвинувања дека песната „Loco, Loco“ е плагијат.

Имено, обожавателите на италијанскиот музичар Лук Маркан, кој се претставува под уметничкото име Aka 7even, во коментарите под објавата за групата Hurricane не престануваат да поставуваат линкови од неговата песна „Loca“, тврдејќи дека Ксенија, Сања и Ивана го украле.


Она што го немаат истражено е дека песната која ја претставува Србија е објавена многу порано од неговата. Песната на Лук, имено е објавена во април оваа година, додека девојките од Hurricane својата песна ја објавија уште на почетокот на март.

Двете песни имаат деловите „рам-па-па-пам“ и „loco“ (во неговата верзија „loca“), а други сличности нема. Песните може да ги слушнете во продолжение: