Хари вели: Никогаш не сум имал можност да возам велосипед со тато - Фановитe: Лажете, а еве го доказот!

Вакво нешто не се случило во монархијата за 1000 години...

Со сите изговори зошто ја напуштиле Велика Британија, Хари изјави дека еден од нив е дека „како дете никогаш не можеl да вози велосипед со својот татко, а неговиот син Арчи може да го прави тоа со него сега“

Принцот Хари (36) во неделата го шокираше светот со сопругата Меган Маркл (39) во интервју на деценијата во кое тие откриваат детали за кралското семејство и животот во дворецот. Со сите изговори зошто ја напуштиле Велика Британија, Хари изјави дека еден од нив е дека како дете никогаш не можел да вози велосипед со својот татко, а неговиот син Арчи може да го направи тоа со него сега.

Бидејќи ништо не остана незабележано во разговорот што го гледаа повеќе од 49 милиони луѓе, така не остана не забележано и за неговите детали за возење велосипед.

Гледачите брзо се фатија за работа и пронајдоа фотографии од 1990 година на кои се прикажани принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Хари, а на некои фотки се појавува и принцезата Дајана. 

На сите фотографии, членовите на кралското семејство се на велосипеди и тргнуваат на возење. Малите принцови се смешкаат пред да возат велосипед, а родителите гордо стојат зад нив.

На една фотографија, малиот Хари дури седи на задниот дел од велосипедот што го возел неговиот татко Чарлс на нивниот имот во Сандрингем, Норфолк. 

Хари изгледа не се сеќава на сите овие семејни средби или „случајно“ заборави да ги спомене пред американската водителка Опра Винфри (67), бидејќи тој и неговата сопруга Меган споделија шокантни детали за неговото семејство.

Покрај сите горенаведени, принцот Хари играше ПОЛО во својата младост, но не на коњ туку на велосипеди. Затоа, се чини дека тој имал и повеќе од доволно возења во своето детство.

Интервјуто со Опра Винфри создаде уште поголеми конфликти меѓу САД и Велика Британија. Во него Меган и Хари упатија сериозни обвинувања за расизам и расправии во кралското семејство. По интервјуто, парот предизвика реакции на многумина, а се огласи и кралицата Елизабета (94), а по неа се огласи и принцот Вилијам, кој веќе долго време не разговара со својот брат.

Во кратки изјави, членовите на кралското семејство најмногу се осврнаа на тој дел со расизам што го изнесе Меган.

 - Целото семејство со тага ја прими веста за тоа колку се предизвикувачки последните години за Хари и Меган. Прашањата што не допреа најмногу, особено оние што се однесуваат на расата, се загрижувачки - беше напишано во официјалното соопштение потпишано од кралицата.

Додека принцот Вилијам рече:

- Ние не сме расистичко семејство. Сè уште не разговарав со мојот брат, но ќе разговарам.

Оваа драма секако не е завршена.


Фото: Твитер и Youtube/screenshoot